Top Sport

Сисе: Јас секс-симбол? Треба да ги прашате дамите

\Сенегалскиот селектор Алиу Сисе немаше одговор на прашањето на рускиот новинар како се чувствува откако стана секс-симбол на Светското првенство во Русија.

„Не знам, треба да ги прашате дамите“, одговори 42-годишниот Сисе, смеејќи се на интересот кој го предизвика кај жените во Русија.

Фотографиите од прославата на тренерот и неговиот „опасен“ поглед кон камерата при победата над Полска предизикаа огромен интерес на Интернет, и низ целиот свет, но посебно во Русија.

Тој дури доби споредби со суперхеројот на „Марвел“, Црниот Пантер.

„Не мислам дека сум секс-симбол. Има милиони и милиони како Алиу Сисе во Сенегал и во целиот свет. Но, добро е да се биде сакан“, изјави тренерот.

Сенегал во сабота го игра вториот меч од Мундијалот против Јапонија и со победа се блиску до осминафиналето како единствена африканска нација.

Scroll to Top