Top Sport

Лукаку е планот Ц на Барселона

Барселона, во летниот преоден рок, мора да го засили нападот. Според „Марка“ тоа е еден од главните приоритети на претседателот Џоан Лапорта.

Според овој извор ситуацијата со Ерлинг Халанд и Роберт Левандовски е далеку од идеална, поради што каталонскиот клуб размислува за напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку.

Според бројните медиуми, Халанд ќе избира меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, додека Левандовски има договор со Баерн до крајот на следната година и не е сигурно дека летово ќе го напушти тимот од Минхен.

„Барселона е подготвена за план Ц и тука доаѓаме до Лукаку“, пишува Марка.

Тие истакнуваат дека Белгиецот е незадоволен во Лондон по фантастичната сезона во милански Интер, со кој ја освои титулата на Италија. Наводно веќе е воспоставен контакт со претставниците на Лукаку.

„Тоа ќе биде многу комплицирана операција. Трансферот на Лукаку изнесува 115 милиони евра. Челси мора да отплати уште 92 милиони, што покажува колку би можел да чини трансферот. Барселона во овој момент тоа не може да го плати, тие се уште чекаат да видат што ќе се случи со спонзорските договори”, заклучи „Марка“.

Scroll to Top