Белгискиот фудбалер, Ромелу Лукаку има една желба – да го напушти Манчестер Јунајтед. Тој подолг период е мета на милански Интер, уште од почетокот на преодниот рок, но се уште работите се на мртва точка, нема постигнат договор.
Белгиецот, како што пренесуваат влијателни медиуми, ги молел челниците на „црвените ѓаволи“ да прифатат понуда помала од 90 милиони евра колку што бараат „нероазурите“.
За 26-годишниот голгетер покрај Интер, заинтересиран е и Јувентус кој веќе го нуди Паоло Дибала во замена за корпулентниот напаѓач.
Лукаку беше дел од подготовките со тимот предводен од Оле Гунар Солскјер во Австралија, но не се појави во составот на ниту еден пријателски натпревар.
Од неговото доаѓање на „Олд Трафорд“, во 2017 година, Лукаку одигра 96 меча на кои има ефект од 42 гола и 13 асистенции.