Top Sport

Лукаку: Интер беа мојата најдобра опција

Ромелу Лукаку вели дека одлуката да го напушти Манчестер јунајтед за Интер минатото лето била неговата најдобра опција откако Белгиецот ја продолжи голгетерската форма и во Копа Италија.

Тој постигна два гола при 4:1 победата над Каљари за да стигне до вкупно 18 гола во сите натпреварувања под водство на Антонио Конте. Белгиецот постигна гол по само 21 секунди игра, по што го даде и третиот гол во второто полувреме за пласман во четврт-финалето.

„Морам да се заблагодарам на соиграчите, на тренерот и на сите навивачи кои ми помогнаа од првиот ден. Интер беа мојата најдобра опција, тука можам да растам како фудбалер и да помгнам на клубот да остварува добри резултати. Головите се најважни, но не мислам само на моите перформанси туку и на тимот. Се надевам дека трофеите се тука за нас“, изјави Лукаку по мечот.

Scroll to Top