Top Sport

Мајк Мелоун ќе биде помошник на селекторот на Србија

Мајк Мелоун, тренерот на Денвер нагетс, ќе биде дел од српската репрезентација на олимпискиот квалификациски турнир во Белград како помошник на селекторот Игор Кокошков, потврдија од српскиот сојуз.

Мелоун веднаш по крајот на квалификациите ќе се приклучи на Кокошков. Се верува дека тој ќе биде задолжен да го искористи потенцијалот на неговиот играч од Денвер, Никола Јокиќ.

Мелоун беше помошник тренер во Њујорк, Кливленд, Њу Орлеанс и Голден Стејт, пред во 2013 година да ја добие првата шанса како главен тренер на Сакраменто. По само една година тој премина во Денвер, каде што ги направи Нагетси тим за плеј-оф.

Scroll to Top