Фудбалерите на Манчестер Јунајтед забележаа драматична победа над Саутемптон (3:2), со која го „прескокнаа“ Арсенал на четвртото место на табелата. Прогрес остварија и фудбалерите на Манчестер сити по триумфот над Бормут, но тие имаат натпревар повеќе од Ливерпул.
Натпреварот на „Олд Трафорд“ понуди голема борба, драматичен финиш и неколку спектакуларни погодоци.
На истекот на 26 минута Саутемптон успеа да ги шокира навивачите на Јунјатед. Спектакуларен гол постигна младиот Французин Валери.
Бразиелцот Переира во периодот од 53 до 59 минута го режираше пресврот на „црвените ѓаволи“. најпрвин постигна убав гол, а потоа му асистираше на Лукаку.
На 15 минути до крајот на натпреварот Ворд-Праус постигна гол од слободен удар за 2:2.
Во последната минута, Лукаку со удар од работ на шеснаесетникот успеа да им ја донесе победата на Манчестер Јунајтед.
Екипата на Оле Гунар Солскјер сега има 58 бода, еден повеќе од Арсенал.
Манчестер сити гостуваа кај Бормут и забележаа минимална победа, која им овозможува барем до утре да бидат на лидерската позиција. Единствениот гол на мечот го постигна Алжирецот Ријад Марез во 55 минута. Марез во игра влезе во второто полувреме.
Значајна победа на гостински терен забележа Кристал Палас. Со авто-голот на Брдсли и головите на Батшуаи и Заха, Кристал Палас ги победија Барнли со 3.1.
Вулверхемптон за 120 секунди ја обезбедија победата над Кардиф. Головите за победата 2:0, во 16 и 18 минута ги постигнаа Жота и Хименез.
Брајтон против последнопласираниот Хадерсфилд славеа со 1:0. Единствениот гол го постигна Романецот Андоне во 78 минута.