Top Sport

Тифозите не го забораваат Михаел Шумахер!

Навивачите на Ферари покажаа дека не го забораваат својот легендарен возач, откако на тестирањето во Барселона поставија огромен транспарент „Михаел засекогаш“ во знак на поддршка за седумкратниот светски шампион.

Официјалниот фан-клуб на Ферари беше одговорен за банерот од 30 метри, кој беше поставен на главната трибина на патеката „Каталуња“, каде што привршува тестирањето пред новата сезона.

Шумахер, кој освои пет титули со Ферари, уште се опоравува од сериозните повреди на мозокот по падот на скијање во декември 2013 година, по што беше во медицински индуцирана кома. Околу неговото здравје има само многу шпекулации, бидејќи семејството не дава многу информации за него, и уште не е појавена негова фотографија по неговата несреќа.

Шумахер освои две титули со Бенетон во 1994 и 1995, пред да биде дел од најславната генерација на Ферари, освојувајќи ги титулите од 2000 до 2004 година. Тој се повлече од спорто во 2006 година, но се врати четири години подоцна со Мерцедес, каде што имаше три фрустрирачки сезони, пред тимот да почне со доминацијата во спортот. Шуми уште е рекордер по бројот на титули, победи, подиуми, најбрзи кругови и поени.

Scroll to Top