Ромелу Лукаку и Николо Барела имаа интересен момент на тензија на вчерашниот меч против Сампдорија, и самиот тренер Симоне Инзаги призна дека тоа не требало да се случи.
При 0:0 ремито во понеделникот, Лукаку не беше задоволен од мафтањето на рацете во знак на разочараноста на Барела и беше фатен на камера како покажува со прст и вели: „Не го прави тоа, доста со рацете! Не го прави тоа! Не е добро, навредувачко е, сега сопри“.
Ова не е првпат 26-годишиот Барела да ги нервира свите соиграчи, нешто што го знае и Инзаги.
„Такви работи се случуват на теренот, но не треба да се случуваат и не сакам да ги видам. Тие разговараа и остануваат добри пријатели. Сепак, не сакам да го видам тоа повторно“, изјави Инзаги.
Според „Кориере дело спорт“, на Лукаку му се смачило да го слуша Барела, кој неколку меча во низа наместо да ги подржува своите соиграчи, само ги критикува и реагира детски.
Aria arcobaleno in casa Inter.
Lukaku chiama figlio di puttana Barella. Tutto sotto controllo. pic.twitter.com/FJGFADMaLR
— Il Fratello di Zielu (@zielulife2) February 13, 2023