Ромелу Лукаку ја искористи тридневната пауза за кратка посета на САД, каде што потврди дека потпиша договор со компанијата на раперот Џеј-Зи „Рок нејшн спортс“, најверојатно раскинувајќи ја својата долгогодишна соработка со италијанскиот „супер-менаџер“, Мино Рајола.
Лукаку е вториот фудбалер кој се приклучува на спортската агенција на Џеј-Зи, по Џером Боатенг од Баерн Минхен, а во компанијата е и ранинг-бекот на Џексонвил јагуарс, Леонард Фурнет со кого Лукаку се дружеше во САД, како и НБА-ѕвездата Кевин Дурент. Ова е уште еден дел од „империјата“ на Џеј-Зи, „Рок нејшн“, продуцентската компанија со која имаат договори ѕвездите како Шакира и Диџеј Калед.
Рајола беше човекот кој го „организираше“ трансферот на Лукаку од Евертон во Манчестер јунајтед минатото лето, така што останува нејасно какви ќе бидат нивнтие односи во иднината. Неодамна се шпекулираше дека Манчестер јунајтед ги губи нервите со Рајола поради неговите „плеткања“ во работата на клубот, бидејќи негов клиент е и Златан Ибрахимовиќ.