Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку, се огласи на социјалните мрежи откако во медиумите се појавија информации дека соиграчите спречиле тепачка помеѓу него и Пол Погба.
Наводно, во соблекувалната на Јунајтед, по мечот со Саутемптон (3:2), Лукаку му замерил на Погба што не му дозволил да го шутира пеналот во финишот на мечот. Лукаку во саботата постигна два гола, а Погба не го реализираше пеналот.
„Кога омразата не функционира, тогаш се пласираат лаги…“, напишал Лукаку.
Манчестер Јунајтед, утре ќе му гостуваат на Пари Сен Жермен, во Лигата на шампионите. По првиот меч ПСЖ има предност 2:0.