Top Sport

Реал и Тотенхем пред четврт-финална промоција

Реал Мадрид и Тотенхем се наоѓаат пред пласман во четврт-финалето во Лигата на шампионите. Вечерва се играат реваншите во Мадрид и Дортмунд, Реал има предност 2.1 против Ајакс, а Борусија е пред невозможна мисија да надомести 0:3 против Тотенхем.

Реал има добар резултат од првиот меч во Амстердам, но прашање е каква е атмосферата во тимот и самодовербата кај фудбалерите по трите порази на домашен терен во првенството и купот на Шпанија. На „кралевите“ 15 години не им се случило да врзат три порази на „Сантијаго Бернабеу“.

Дополнителен проблем за Сантијаго Солари ќе претставува отсутвото на капитенот Серхио Рамос.

Медиумите веќе му подготвија отказ на Солари доколку вечерва се случи сензација, односно доколку Реал испадне од Ајакс.

Јасно е дека Ајакс нема што за да загубат во Мадрид. Поради тоа тренерот Ерик тен Хаг најавува офанзивна игра на гол повеќе од противникот.

Традицијата во меѓусебните дуели е на страната на Реал. Европскиот првак има осум победи, Ајакс четири во досегашните 13 дуели.

Во вториот меч вечерва Борусија во Дортмунд ќе игра против Тотенхем. Англискиот претставник по првиот меч стекна голема предност од 3:0. Борусија може да се закани, но прашање е дали екипата на Лусиен Фавр сериозно да го нападне Тотенхем.

„Милионерите“, во вториот дел од сезоната се далеку од посакуваната форма, а тоа најдобро го покажуваат нивните натпревари во Бундес лигата, каде во неколку кола ја испуштија предност од седум бода во однос на Баерн.

Тренеот Фавр и капитенот Марко Ројс се оптимисти, веруваат дека Борусија може да ја надомести разликата. Во прилог им оди и податокот дека „милионерите“ сезонава не примиле гол пред своите навивачи во Лигата на шампионите.

Од друга страна Маурисио Покетино е убеден дека неговиот тим нема да има проблеми да ја одбрани предноста остварен во Лондон. Покетино е загрижен бидејќи неговите играчи имаа ден помалку за одмор од противниците.

За овој меч кај Борусија ќе го нема Лукас Пишчек, а неизвесен е настапот на Кристијан Пулишиќ, додека кај Тотенхем ќе отсуствува Киран Трипие, а под знак прашалник се Ерик Даер и Хари Винкс.

Scroll to Top