Top Sport

Лукаку: Конте е најдобриот тренер на светот

Во првото интервју како фудбалер на Интер, Ромелу Лукаку му се заблагодари на Антонио Конте што се борел за неговиот трансфер од Манчестер јунајтед и го нарече „најдобриот тренер на светот“.

Трансферот на Лукаку се комплетираше на последниот ден од преодниот рок во Англија, откако прво тој беше блиску до Јувентус во трампа за Пауло Дибала.

„Дојдов поради проектот. За мене Интер е тим со многу предизвици, но тим кој се гради за иднината. Се надевам дека на крајот на сезоната ќе бидам во право. Конте направи многу за мене. За мене тој е најдобриот тренер на светот. Човек кој го извлекува максимумот од фудбалерите и неговите резултати зборуваат сами за себе. Сакам да му се заблагодарам и на претседателот Стивен Жанг и на Џузепе Марота за големата доверба која ја покажаа и помогнаа да дојдам во овој прекрасен клуб“, вели Лукаку.

Тој во Интер го добива дресот број 9, кој последните шест години го носеше поранешниот капитен Мауро Икарди.

Scroll to Top