Top Sport

Лукаку контра Мурињо: Солксјер навистина ме „разбира“

Иако беше еден од незаменливите фудбалери на Жозе Мурињо во неговото „владеење“ во Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку реши да „удри“ по поранешниот тренер, велејќи дека сега во Оле Гунар Солксјер има човек кој навистина го разбира.

Белгиецот постигна голови за Јунајтед во последните три настапи, исто толку голови колку што имаше во претходните три месеци, а интересно е што мечевите ги почна од клупата, токму нешто што беше специјалност на Норвежанецот Солскјер додека беше напаѓач на Јунајтед  (најважен останува голот со кој го победија Баерн со 2:1 во финалето на ЛШ во 1999 година).

„На тренинг можете да забележите дека тој ни помага со советите за тоа како да ја удрите топката пред голот. Објаснува како да се движиш подалеку од топката и тоа многу ми значи. Така доаѓам во позиција во која сакам да бидам и тој разбира каков напаѓач сум и како да ги искористи моите најдобри страни. Морам да му вратам со голови“, вели Лукаку.

Scroll to Top