Top Sport

Лукаку „моли“ за враќање, но Интер не е подготвен за барањата на Челси

Напаѓачот на Челси, Ромелу Лукаку, се договорил со Интер за личните услови, бидејќи силно посакува да се врати во Милано, пренесуваат италијанските медиуми. Сепак, англискиот премиерлигаш бара премногу голема отштета за робусниот голгетер така лесно да се врати на „Џузепе Меаца“.

Белгиецот минатото лето се пресели во Челзи за 115 милиони евра, но не ги оправда очекувањата и го загуби местото во првиот тим. Притоа влезе и во конфликт со тренерот Тухел и сака да се врати во Интер.

Лукаку е подготвен да прифати значително намалување на платата само за да се врати во Интер. Тој прифатил 7 милиони евра по сезона, плус 2 милиони како бонуси, што е за речиси 5 милиони евра помалку од тоа што го заработува во Челси.

Меѓутоа, Интер не е подготвен да ги исполни условите на Челси.„Сините“ бараат 23 милиони евра за едногодишна позајмица и право на откуп следното лето за 70 милиони евра.

Scroll to Top