Top Sport

Лукаку може да го „избрка“ Митровиќ од Ал-Хилал

Српскиот напаѓач Александар Митровиќ може да го напушти Ал-Хилал и пред да дебитира за саудискиот клуб, доколку тие успеат да се договорат со Челси за трансферот на Ромелу Лукаку, тврдат британските медиуми.

Според „Токспорт“, Челси се обидува да ја реши ситуацијата на Лукаку, откако Интер „крена раце“ од Белгиецот, а не можат да се договорат со Јувентус за трампа за Душан Влаховиќ. Лукаку не тренира со првиот тим на Челси, а според шпекулациите воопшто не зборувал ниту со новиот менаџер, Маурисио Почетино.

Од друга страна Ал-Хилал доколку успее да го убеди Белгиецот да дојде во Саудиска Арабија, во тимот ќе нема место за Митровиќ. Сепак, ова не значи дека тој ќе остане без клуб – за него се заинтересирани Ал-Шабаб и Ал-Етифак, така што само би ги сменил боите на дресот и би останал во Арабија.

Scroll to Top