Top Sport

Хоакин Кореа ќе заврши во Марсеј, Алексис Санчез ќе се врати во Интер?

Хоакин Коре ќе се приклучи на Олимпик Марсеј на позајмица, додека чилеанскиот ветеран Алексис Санчез ќе се врати во Интер по само една сезона, тврди „Скај спортс Италија“.

Санчез е слободен играч по крајот на договорот со францускиот клуб и ќе ги комплетира медицинските тестови со Интер откако „нераѕурите“ ќе го пратат Кореа во Франција. Аргентинецот Кореа ќе замине во Марсеј на позајмица од една сезона за 2 милиони евра и опција да го откупат неговиот договор за 13 милиони евра.

Кореа не ги оправда 30-те милиони евра кои Интер ги платија за него, постигнувајќи само 10 гола во 77 настапи.

Scroll to Top