Top Sport

Лукаку: Мурињо направи многу за Манчестер јунајтед и заслужува почит

Иако на многу фанови на Манчестер јунајтед, како и дел од фудбалерите им олесна кога Жозе Мурињо доби отказ од „Олд Трафорд“, Ромелу Лукаку смета дека португалскиот тренер заслужува почит за тоа што го направил за клубот.

Белгиецот беше донесен во Јунајтед заедно со Мурињо во летото 2016 година за 75 милиони фунти и не сака да прави споредба меѓу Мурињо и сегашниот преоден тренер Оле Гунар Солксјер.

„Нема да ги споредувам двајцата. Мурињо направи многу за клубот, освои трофеи и затоа имам огромна почит за него. Тој е тренерот кој ме донесе тука“, вели Лукаку.

Мурињо не криеше дека Лукаку е еден од неговите омилени фудбалери (заедно со Маруан Фелаини), но 25-годишниот Белгиец има потешка задача под Солскјер, под кого Маркус Рашфорд е прв човек во нападот. Лукаку нема стартувано меч во Премиер лигата под Солксјер.

„Солксјер само што ја почна приказна тука. Се надевам дека работите ќе одат како што треба, дека ќе завршиме во топ 4 и ќе освоиме еден трофеј“, вели Лукаку.

Лукаку: Јас сум наредникот на Мурињо

Scroll to Top