Top Sport

Лукаку на строга диета, Конте сака да види „две цифри“

Долг период милански Интер се бореше и на крај се избори на „Џузепе Меаца“ да го доведе белгискиот фудбалски напаѓач, Ромелу Лукаку.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Белгиецот најверојатно ќе почека пред да дебитира во Серија А. Проблем – преголемата тежина.

„Кориере дела спорт“ пишува дека 75 милиони платеиот голгетер има 104 килограми затоа што Лукаку не настапуваше на подготвителните мечеви за Јунајтед во текот на летото, наводно поради повреда.

Откако е во Италија, тој е строга диета, а бидејќи мора неговата тежина да биде со две цифри и во слободните денови работи во тренинг кампот на „нероазурите“.

И претходно Лукаку беша на мета на навивачите на Јунајтед, кои тврдеа дека е дебел. Сега итно реагираше стратегот на Интер, Антонио Конте кој бесен поради тежината на првиот избор во нападот, па му рекол да се симне на „две цифри“ за да биде во натпреварувачки ритам.

Scroll to Top