Top Sport

Сан Антонио ја повлекува „деветката“ на Тони Паркер

И третиот член на легендарната „голема тројка“ на Сан Антонио Спарс заминува во вечност. Спарси објавија дека на 11 декември годинава на мечот против Мемфис ќе го повлечат бројот 9 на францускиот кошаркарски ас, Тони Паркер.

Паркер летово ја заврши кариерата, па ќе стане десеттиот играч на Сан Антонио чиј дрес ќе се наоѓа под покривот на нивната сала, заедно со Тим Данкан, Ману Џинобили, Брус Бовен и Дејвид Робинсон. Сите учествуваа во освојувањето на петте титули во НБА лигата, а само Данкан беше дел од сите шампионски екипи од 1999 до 2014 година.

Францускиот кошаркар во Сан Антонио стигна во 2001 година, избран како 28 пик на драфтот. Освои 4 титули шампион и беше избран за МВА во 2007 година. Шестпати учествувал на Ол-стар натпреварите, трипати беше избран како член на третата петорка во лигата.

Кај Спарси мина 17 години и секогаш обезбедуваше плеј-оф со тимот. Последната сезона во НБА ја одигра за Шарлот Хорнетс.

Со Франција освои 4 медали на европските првенства, меѓу кои и златото во Словенија, во 2013 година.

Scroll to Top