Top Sport

Ред бул веруваат во Чеко – Перез доби договор до 2024!

Серхио Перез потпиша двегодишно продолжување на договорот со Ред бул рејсинг, со што ќе остане во врвниот Ф1 тим барем до 2024 година, добивајќи „награда“ за својата трета победа во кариерата во неделата на трката во Монте Карло.

Мексиканскиот тркач пристигна во тимот во 2021 како замена за Алекс Албон, но доби само едногодишен договор, кој беше обновен и за оваа сезона. Во новата ера на Ф1, тој оствари три втори места и победа во Монако во неделата, со што е на само 15 поени од својот клупски колега, актуелниот шампион Макс Ферстапен во генерален пласман.

„За мене ова е неверојатна недела, да се победи на Монако ГП, нешто што е сон на секој возач, и потоа да објавам дека ќе продолжам со тимот до 2024. Горд сум што сум дел од овој тим и се чувствувам како дома. Работиме добро заедно, а моите односи со Макс, на патеката и надвор од неа ни помагаат да го кренеме тимот“, изјави Перез.

Scroll to Top