Top Sport

Лукаку нема намера да се врати во Челси

Пред нешто повеќе од една година, Челзи плати 113 милиони евра за трансферот на Ромелу Лукаку (29) и направи грешка.

„Сините“ не го добија она на што се надеваа, Белгиецот не ја „донесе“ во Лондон формата од Интер, каде беше еден од најзаслужните за освојувањето на шампионската титула.

Лукаку западна во голгетерска криза, имаше проблеми со повреди, паузираше поради коронавирусот, на крајот влезе во конфликт со тогашниот менаџер Томас Тухел.

Челзи се согласи да го позајми во Интер на една сезона за осум милиони евра, а се поизвесно е дека Лукаку и следната сезона ќе остане во Милано.

„Газета дело Спорт“, објави дека Лукаку не планира да се врати во Челзи. Наводно изјавил дека „нема ниту такви пари, ниту нешто друго што „сините“ можат да му го ветат“.

Лукаку ужива во Интер, а иако пропушти добар дел од тековната сезона поради повреда, тоа не му го намалува духот. Тој ја санираше повредата и повторно ќе биде на теренот на дербито против Рома.

Scroll to Top