Top Sport

Лукаку одбил трансфер во Саудиска Арабија

Ромелу Лукаку нема да им се приклучи на европските ѕведи кои решија да се преселат во Саудиска Арабија.

„Ромелу Лукаку одлучи да продолжи во европскиот фудбал и покрај големите понуди што ги доби од Саудиска Арабија. Тој сега не сака да оди таму“, напиша инсајдерот Фабрицио Романо и додаде:
„Лукаку го цени трудот што го вложија луѓето за да го реализираат трансферот, но тој не е подготвен да го напушти европскиот фудбал“.

Лукаку е играч на Челси, кој минатата сезона беше позајмен во Интер.

Интер започнал преговори за неговиот потпис, но барем засега нема договор меѓу клубовите. Од друга страна новиот тренер на „сините“, Маурицио Покетино, немал ништо против Лукаку да се врати во Лондон. Според медиумите бил подготвен да му пружи шанса на Лукаку да се докаже.

Ромелу Лукаку од Интер во 2021 година се пресели во Челси за 97.500.000 фунти.

Scroll to Top