Top Sport

Новицки се расплака во Сан Антонио, Вејд се пензионираше со трипл-дабл (Видео)

Дирк Новицки и Двејн Вејд, ноќта помеѓу средата и четвртокот, ги одиграа последните натпревари во своите импресивни кариери. Нивните тимови забележаа порази во Сан Антонио, односно Бруклин.

Далас Маверикс гостуваа кај Сан Антонио Спарс, загубија 105:94 и ја завршија сезоната на претпоследната позиција во Западната конференција.

Пред почетокот на натпреварот Новицки пушти солзи поради прошталното видео што за него го подготвија Спарс.

„Се чувствувам како дома“, рекол Новицки додека од трибините се слушаше „МВП“.

„Спарс секогаш ни беа како постар брат. Секогаш не победуваа, а потоа некако успеавме да ги поминеме во 2006 година. За мене тоа е една од најдобрите плејоф серии во кои сум играл“.

Новицки пресметката со ривалите од Тексас ја заврши со 20 поени и 10 скока.

Со пораз кариерата ја заврши и Двејн Вејд. Бруклин Нетс славеа 113:94, а Вејд сво голем стил, со трипл-дабл ја заврши кариерата. „Флеш“ на крајот имаше 25 поени, 11 скока и 10 асистенции.

„Чувствува дека морам да излезам на теренот и да постигнам 60 поени во последниот меч, како што тоа го направи Коби. Јас јас спуштив нормата и се одлучив за трипл-дабл, што и не е така лошо“, рекол Вејд.

Легендарниот бек во текот на целата сезона ги разменуваше дресовите со противничките кошаркари, а не стигна само до дресот на Кармело Ентони, кој по еден месец доби отказ во Хјустон Рокетс.

Токму Ентони го убедил Вејд да ја игра и оваа сезона.

„Не добив шанса да играм против Мело оваа година и да си ги размениме дресовите. Тоа беше делот што недостига. Сјајно е што тој беше тука и што можев да му го подарам својот дрес“, рекол Вејд.

Scroll to Top