Top Sport

Лукаку: По автоголот со Севилја, не зборував четири дена!

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку вели дека се надева дека „научил нешто“ од поразот од Севилја во финалето на Лига Европа, но признава дека воопшто не му било лесно.

Ударот на Диего Карлос со ножички заврши во Лукаку и тој си постигна автогол за Севилја да стигне до 3:2 победа во финалето во Келн.

„Тоа беше навистина тежок момент за мене. Не зборував  ништо четири дена по финалето. Но, еден ден кога се разбудив си дадов причина. Можеш да загубиш, но само да научиш како да победиш“, вели Лукаку во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Тој исто така зборуваше за одбранбените фудбалери во Италија откако поголем дел од кариерата го помина во Премиер лигата.

„Сите се силниу во Италија. Калиду Кулибали е тежок противник, и сакам битка со таков противник. Но, и Рагнар Клаван, Мараш Кумбула, Лео Бонучи и Алесио Ромањоли. Не е лесно против такви противници“, додава Белгиецот.

Scroll to Top