Ромелу Лукаку вети дека ќе се врати посилен откако си постигна автогол за Интер да го загуби финалето од Лига Европа против Севилја во петокот, коментирајќи дека „за мене ср.њата никогаш не биле лесни“.
Лукаку имаше одлична сезона во која постигна 34 гола и ги предводеше Интер до второто место во Серија А и до финалето на ЛЕ, но откако го постигна првиот гол од пенал за „нераѕурите“ при 2:2 во финишот на мечот сам ја смести топката во мрежата на Хандановиќ.
„Тоа што се случи во финалето навистина ме изнервира, но ќе се вратам посилен. За мене ср.њата во животот никогаш не доаѓале лесно, така што сите што ме познаваат знааат дека ова искуство ќе ме направи посилен. Како тим пораснавме оваа сезона и вистинска чест е да се претставува клубот кој го сакав од моето детство“, напиша Лукаку на Твитер.
— R.Lukaku Bolingoli9 (@RomeluLukaku9) August 23, 2020