Ромелу Лукаку речиси сигурно ќе стане нов член на Јувентус. Преговорите помеѓу Челзи и Јувентус се во завршна фаза, а Белгиецот ги договорил условите со торинскиот гигант. Тој не сакашал воопшто да контактира со својот „сакан“ Интер во претходната недела, па „нероаѕурите“ се откажаа од него. Лукаку наводно го „откажал“ Интер поради Един Џек и финалето од Лигата на шампионите минатата сезона.
Како што стојат работите, Ромелу Лукаку кариерата ќе ја продолжи во Јувентус. Јуве за трансферот ќе плати 37.500.000 евра, а на Лукаку му нуди четиригодишен договор вреден 10.000.000 по сезона.
Белгиецот е подготвен да почека Јуве да го продаде Душан Влаховиќ за да може да го комплетира трансферот. И покрај тоа што јавноста очекуваше тој да се врати во Интер, тој минатата недела не бил достапен за луѓето од поранешниот клуб.
Тој и неговиот менаџер ги одбиле сите повици од „Џузепе Меаца“.
Многумина тврдат дека Лукаку го отпишал Интер поради финалето на Лигата на шампионите од минатата сезона и фактот дека Един Џеко добил шанса од првата минута во дуелот против Манчестер Сити.
Лукаку во минатото често зборуваше дека никогаш ен би можел да игра за некој од најголемите ривали на Интер. Во овој случај тој летово пореговараше и со Милан и со Јувентус.