Top Sport

Лукаку признава: За малку ќе завршев во Јувентус

Ромелу Лукаку открива дека било „навистина блиску“ во борбата на Јувентус и Интер за неговиот потпис откако решил да замине од Манчестер јунајтед, а признава дека добива и лекции за скромност од тренерот Антонио Конте.

Белгиецот постигна 23 гола во 35 меча за Интер пред примораната пауза поради корона вирусот, и во Јутјуб интервју со поранешниот напаѓач на Арсенал, Јан Рајт открива што очекувал од трансферот во Италија.

„Знаев дека ќе бидам добро. Една лоша сезона може да се случи во сечија кариера. Во Манчестер јунајтед беше тешка ситуација и морав да направам одлука да заминам некаде каде што можам да работам со некој кој ќе сака да работи со мене. Тие сакаа да останам, но јас кажав дека е готово. Јунајтед оди во вистински правец, ги носи вистинските фудбалери и им посакувам сè најдобро бидејќи е детски да не го почитуваш својот поранешен клуб“, открива Лукаку.

Сепак, никој досега не откриваше дека и Јувентус биле блиску до него.

„Беше навистина блиску, но јас цело време мислев на Интер и на менаџерот. Кога бев дете ги гледав Адријано, Роналдо, Бобо Виери и кога дојде Интер со Конте, знаев дека и Јуве ме сакаат. Тука е сосема поинаку и работат многу понапорно. Боже мој! Прашајте го Ешли Јанг еден ден. Со Конте? Кога работиме на тактиката и ако згреѓам, тој сопира и доаѓа до тебе: ’Што правиш?’. Пред сите! Тој ми го направи тоа со Славија Прага, кога пет минути ме караше. Ќе потонев во земја! Тоа беше првпат да ми се случи нешто такво во 10 години во кариерата“, додава Лукаку.

Scroll to Top