Top Sport

Лукаку се нудел на Милан и Рома!

На само една недела пред крајот на преодниот рок, Ромелу Лукаку се нудел на Милан и Рома откако преговорите помеѓу Челси и Јувентус „заглавија“, тврди „Кориере дела сера“.

30-годишниот Белгиец е креатор на најголемата „драма“ во преодниот рок во Италија, откако првично се сметаше дека е сигурно дека ќе остане во Интер, кои преговараа со Челси за постојан трансфер по позајмицата. Но, „нераѕурите“ ги напуштија преговорите по откривањето дека тој директно преговарал со Јувентус, навлекувајќи го бесот на навивачите.

Јувентус се надеваа дека ќе се договорат за трампа Душан Влаховиќ-Лукаку, но не можат да се договорат за цената. Покрај ова, адвокатот на Лукаку, Себастиен Ледур контактирал со Милан и Рома последните неколку дена за можен трансфер. Милан веднаш ја одбиле понудата, но Рома на Жозе Мурињо била подготвена за договор. „Волчицата“ нема шанси да ја плати посакауваната сума од Челси, така што сите преговори се за можна позајмица.

Scroll to Top