Top Sport

Нов проблем за Почетино – и Мудрик се повреди

Новиот менаџер на Челси, Маурисио Почетино се соочува со мини-криза со повреди во неговиот тим, откако украинската ѕвезда Михајло Мудрик ќе го пропушти мечот со Лутон овој викенд.

„Сините“ платија 89 милиони фунти за 22-годишниот Мудрик во јануари, победувајќи ги Арсенл во наддавањето со Шахтјор Доњецк, но тој досега не ги воодушеви фановите. По солидната пред-сезона, Мудрик ќе мора да паузира барем една недела.

„Ќе мора малку да паузира, но нема да може да игра против Лутон. Тој е играч на кого сметаме многу и од кого очекуваме високи перформнси. Не се работи за сериозна повреда, но подобро да почекаме една недела“, изјави Почетино.

Мудрик се приклучува на своите повредени соиграчи – Беноа Бадијашил, Армандо Броја, Трево Чалоба, Карни Чувуемека, Рис Џејмс, Весли Фофана и Кристофер Нкунку.

Scroll to Top