Top Sport

Лукаку се спореди со Роналдо: Јас сум играч од светска класа

Ромелу Лукаку се пожали дека новинарите не го ставаат меѓу „фудбалерите од светска класа“, каде што припаѓа и сака да го докаже тоа и со белгиската репрезентација пред осминафиналниот дуел со Португалија, и се спореди со Кристијано Роналдо.

„Имав исклучителна сезона и го освоивме скудетото, но мислам дека присуството на Роналдо не ми даде дополнителна мотивација. Напреднав многу во мојата игра, но можам и подобро. Мислам дека направив голем чекор во кариерата и целта е да се освои ЕУРО со Белгија. Кога луѓето зборуваат за Роберт Левандовски, Карим Бензема или Хери Кејн, ги нарекуваат ‘светска класа’, а кога зборуваат за мене велат дека само сум во ‘добра форма’. Тоа ме мотивираше дополнително и сега верувам дека сум на таа листа на играчи од светска класа“, се пожали Белгиецот.

Тој беше запрашан што би „земал“ од играта на Роналдо.

„Би сакал да ги имам неговите квалитети за дриблање и ударот. Мислам дека тој би сакал да ја има мојата моќ и умешноста да играм свртен со грбот“, вели 28-годишниот  Белгиец, кој веќе е најдобар стрелец во историјата на својата репрезентација со 63 гола во 96 настапи.

Scroll to Top