Top Sport

Лукаку се враќа во тимот на Интер

Белгискиот фудбалер и напаѓач на Интер, Ромелу Лукаку се врати на тренинзите. Тој поради повреда отсуствуваше од терените, од крајот на август.

Лукаку се враќа на тренинзите точно еден месец пред почетокот на Светското првенство во Катар.

Во Интер се надеваат дека Лукаку би можел да биде во тимот веќе на првенствениот натпревар против Фиорентина. Ако не добие шанса за викендот во првенството, клубот верува дека Лукаку сигурно ќе игра во Лигата на шампионите против Викторија Плзен.

Последниот натпревар Лукаку го одигра на 26. август, во кој Интер загуби од Лацио со 1:3.

Лукаку забележа 102 настапи за националниот тим и постигна 68 голови.

Scroll to Top