Ромелу Лукаку го комплетираше трансферот од 115 милиони евра од Интер во Челси за да ја „удвои“ својата плата, тврди генералниот директор на Интер, кој вели дека „нераѕурите“ немале проблем да се разделат со Белгиецот и да го заменат со Един Џеко.
Фановите на Интер беа лути на одлуката да се продаде Лукаку, кој постигна 64 гола во 95 меча за италијанскиот шампион, но искусниот Џеко засега се покажува како виситнска замена со 7 гола оваа сезона и Марота вели дека бизнисот бил добар.
„Лукаку беше продаден за 115 милиони евра, а го донесовме Џеко на слободен трансфер. На теренот, нема голема разлика. Лукаку си замина за да добие двојно поголема плата, бидејќи во Италија такви бројки не постојат. Денеска не сме во позиција да инвестираме во засилувања и нема шанси да платиме 75 милиони евра за Лукаку. Потребно е намалување на трошците“, вели Марота во интервју за „Кориере дела сера“.