Top Sport

Лукаку со видео-порака им се извини на навивачите на Челси

Ромелу Лукаку откако беше вратен во тимот на Челси по разговорот со менаџерот Томас Тухел, преку социјалните мрежи им прати порака на извинување и на навивачите на лондонскиот клуб.

По неверојатното интервју на крајот на 2021 година, во кое изјави дека не му е пријатно во Челси и се извини на навивачите на Интер што си замина во текот на летото, тој беше исклучен од тимот за дербито со Ливерпул, пред денеска Тухел да потврди дека тој се враќа во тимот.

„Сакам да се извинам на навивачите за Челси за вознемиреноста која ја предизвикам. Сфаќам зошто сте лути по тоа интервју. Сега, до мене е да ја вратам вашата доверба и да ја покажам својата посветеност“, вели Лукаку.

Дали ќе ја прифатат или ќе го пречекаат со свирежи, останува до навивачите на лондонските „сини“.

Scroll to Top