Top Sport

Лукаку сруши рекорд во Лига Европа

Фудбалерите на Интер и на Баер Леверкузен го привршуваат мечот од четвртфиналето во Лига Европа, на стадионот во Дуисбург (по 85 минути игра „нероазурите“ имаат предност од 2-1).

Вториот гол за Интер беше дело на Белгиецот Ромелу Лукаку во 21 минута со што влезе во историјата на ова натпреварување.

Тој е стрелец на барем по еден погодок на 9 меча во низа во ЛЕ, а тоа досега на ниту еден фудбалер не му успеало.

Претходно рекордер во оваа категорија беше екс-англсикиот фудбалер, Алан Ширер.

Звучи неверојатно, но серијата на Лукаку започна уште во сезоната 2014/2015, додека тој беше во дресот на Евертон.

Ова е погодокот кој му го донесе рекордот на корпулентниот белгиски голгетер:

Scroll to Top