Ромелу Лукаку тренира со У-21 тимот на Челси и уште не разговарал со новиот менаџер Маурисио Почетино, додека во исто време клубот се обидува да се договори со Јувентус за „трампа“ за Душан Влаховиќ, јавува „Телеграф.
30-годишниот белгиски напаѓач и Челси остануваат со малку опции околу неговата иднина по пропаѓањето на трансферите во Ал-Хилал и Интер. „Сините“ се надеваа на бизнис со Јувентус за да го добијат Душан Влаховиќ, но преговорите се тешки. Јуве прво понудија два играчи плус кеш, а потоа посакаа 30 милиони фунти за трампата.
Лукаку воопшто немал контакт со новиот менаџер Почетино и не е дел од неговите планови. Во исто време навивачите на Јувентус повеќе пати протестираа за можниот трансфер на Лукаку.
До крајот на преодниот рок има помалку од 10 дена.