Според италијанскиот спортски весник „Ла газета дело спорт“, преговорите помеѓу Ромелу Лукаку и директорите на Интер за можен камбек во текот на летото продолжуваат, а Белгиецот открил дека вечерва ќе го следи дербито на Милан заедно со неговите пријатели.
Лукаку има кошмарен камбек на „Стемфорд Бриџ“ по скапиот трансфер минатото лето, и очигледно веќе не ја крие желбата да се врати меѓу „нераѕурите“ со кои лани го освои скудетото. Сепак, Интер не можат да си приуштат повторно да го купат неговиот договор, така што единствено решение е да го добијат на позајмица, а тој да се согласи за намалување на платата.
Според „Газета“, се чека Челси да добие нови газди откако Роман Абрамович беше приморан да го стави клубот на продажба, додека од Интер Лукаку добил порака да биде „трпелив“.
GdS – Nostalgia Lukaku: rivuole l'Inter, canale aperto con la dirigenza https://t.co/DNDIiZFp9V
— FcInterNews.it (@FcInterNewsit) April 19, 2022