Top Sport

Лукаку во 2018 за Мурињо: Ќе поминам низ ѕид за него

Ромелу Лукаку е пред позајмица во Рома според англиските и италијанските медиуми, што значи дека и во трет клуб ќе заигра по Жозе Мурињо, тренер за кого во 2018 година изјави дека би „поминал низ ѕид за него“.

До овој можеби најнеочекуван трансфер ова лето дојдовме откако Лукаку прво ги разочара Интер, а потоа не успеа да издејствува трансфер во Јувентус, а ги одби понудите од Саудиска Арабија. Лукаку првпат играше под Мурињо во Челси во 2013/14, кога имаше само три настапи, за потоа во 2017 година во Манчестер јунајтед, пред Мурињо да добие отказ во декември 2018. Вкупно, Лукаку има 76 меча и 13 гола под Мурињо.

Во 2018 година, Белгиецот го кажа своето мислење за Мурињо.

„Мурињо ми е еден од омилените, би поминал низ ѕид за него и тој го знае тоа. Тој е тип на тренер кој секогаш е искрен со тебе и ти ја кажува ситуацијата. Ако можеш да се справиш со тоа, тогаш е одлично, ако не тогаш имаш голем проблем. Да се работи на 24 години со него е сосема поинаку од времето кога имав 19. Сега го разбирам целосно“, изјави тогаш Лукаку, кој сега има 30 години.

Scroll to Top