Top Sport

(Видео) Даниел Рикардо заврши во болница, може да не се трка овој викенд

Возачот на Алфа Таури, повратникот во Ф1, Австралиецот Даниел Рикардо може да го пропушти Холандското ГП по неговиот незгоден судир на вториот тренинг, во кој го повреди зглобот на раката и заврши во болница.

Рикардо се судри на третата кривина во Цандворт, исто како неговиот помлад сонародник и возач на Мекларен, Оскар Пјастри, по што преку радиото врескаше дека го боли раката, откако се удри во ѕидот држејќи го воланот. Тој во медицинскиот центар на патеката доби преврска, по што беше однесен во ближната болница на проверки.

Scroll to Top