Ромелу Лукаку признава дека не очекувал Интер да биде блиску до титулата веќе во средината на април, а открива дека и откако пристигнал во Италија веќе не е му е дозволено да крева тегови. Познат како еден од најмоќните и најексплозивните напаѓачи на планетата, тој во Италија се соочил со поинакви тренинзи.
„Кога имав 15 години можев да кренам 100 килограми, но откако пристигнав во Италија тоа не ми е дозволено. Првиот ден кога пристигнав, седнав да кревам, и фитнес тренерот ме погледна многу лошо. Сега, единствено ми е дозволено да правам вежби за координација со еластични ленти околу појасот за да ја подобрам стабилноста“, открива Лукаку.
Тој признава дека италијанскиот фудбал е „компликуван“.
„Работиме многу напорно и мислам дека направивме чекор напред оваа сезона. Не мислев дека ќе бидеме толку далеку, бидејќи Серија А е компликувана лига, се подготвувате за секој меч посебно и секогаш има предизвици. Секој меч е пиинаков тест“, додава Белгиецот.