Top Sport

Лукаку за Конте: Обожавам ваков тренер!

Ромелу Лукаку вели дека е воодушевен од тренерот на Интер, Антонио Конте по 2:0 победата над Милан во градското дерби, велејќи дека тој е „совршен човек“ на клупата во овој дел од неговата кариера.

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед вели дека добива екстра мотивација од Конте, кој го предводеше Интер до совршени четири победи во првите четири меча, а Лукаку ја запечати победата над Милан со гол со глава по што следуваше луда прослава со Конте.

„Мојот однос со Конте е многу силен. Тој е тренер кој навистина ми помага. На 26 години сакам ваков тренер, кој ме мотивира и ми помага секој ден. Среќен сум што работам со него, а оваа победа беше многу важна за сите, посебно по слабиот меч со Славија Прага“, изјави Лукаку за „ДАЗН“.

Конте, пак, верува дека Лукаку само што почнува во Интер.

„Тој има 26 години и пристигна тука поради неговиот потенцијал. Ако работиме со него правилно, тој ќе стане многу важен фудбалер за нас. Му го кажав тоа и нему“, вели Конте.

Милано е обоен во „црно-сино“, Брозовиќ и Лукаку ги решија „росонерите“

Scroll to Top