Top Sport

Лукас Билја заврши во Фатих Карагумрук

Поранешниот фудбалер од средниот ред на Милан и Лацио, Лукас Билја се приклучи на турскиот суперлигаш Фатих Карагумрук, откако му заврши договорот со „росонерите“ во текот на летото.

34-годишниот Аргентинец ќе потпише договор со кој ќе заработува околу милион евра по сезона, откако од 2013 година играше во Италија – прво во Лацио, а потоа во 2017 по трансферот од 20 милиони евра во Милан.

Тој е втор играч од Серија А кој замина во новиот турски прволигаш, откако италијанскиот голман Емилијано Вивијано од СПАЛ замина во Фатих Карагумрук, исто така како слободен играч.

Scroll to Top