Top Sport

Лаутаро останува во Интер, вели неговиот агент

Агентите на Лаутаро Мартинез велат дека нема вистина во шпекулациите за трансфер во Реал Мадрид или Барселона и дека напаѓачот останува во Интер, барем уште една сезона.

Барселона подолго време е заинтересирана за Аргентинецот, но денеска се појавија шпекулации дека Реал сакаат да го „украдат“ трансферот. Карлос Бете Јаке и Роландо Зарате, двајцата агенти на Мартинез денеска беа во седиштето на Интер, наводно за преговори за продолжување на договорот со „нераѕурите“ и по краткиот состанок дадоа изјава за „Тутомеркато“.

„Се работеше само за обична куртоазна посета, тоа е сè. Нема ништо со Реал Мадрид и со Барселона. Лаутаро сигурно останува во Интер“, изјави Бете Јаке.

Лаутаро имаше клаузула за раскин на договорот вредна 111 милиони евра, но таа беше валидна само неколку недели во јули и Барселона не ја искористи. Според „Скај спорт Италија“, по крајот на летниот преоден рок агентите повторно ќе се сретнат со Интер за да го обноват договорот.

Scroll to Top