Top Sport

Лукас Пакуета со бразилска магија во дебито за Милан (видео)

Во Милан најголема тема последните денови е Гонзало Игуаин и неговото заминување од „Сан Сиро“ по незадоволувачка полу-сезона, како и можното доаѓање на Кшиштоф Пјатек. Во сенка на овие имиња, еден 21-годишен Бразилец по име Лукас Пакуета го одигра првиот меч во Серија А за клубот денеска против Џенова.

„Росонерите“ имаат големи надежи во 21-годишниот Бразилец кој доаѓа од Фламенго и се приклучува на долгата листа на на бразилски ѕвезди кои играле за клубот од Роналдињо до Кака.

Во своето деби при 2:0 победата на гости кај Џенова, Пакуета покажа дел од својот талент со овој потег. Навивачите на Милан се надеваат дека ова е само почеток.

Милан и без Игуаин се враќа од Џенова со цел плен (видео)

Scroll to Top