Top Sport

Милан и без Игуаин се враќа од Џенова со цел плен (видео)

Милан и без „ментално неподготвениот“ Гонзало Игуаин стигна до победа на гостувањето кај Џенова за добар старт на 2019 година и совршена подготовка за дербито против Наполи во текот на викендот.

Игуаин беше изоставен од составот од тренерот Џенаро Гатузо пред неговиот потенцијален трансфер во Челси, но и без него „росонерите“ беа пресилни за Грифоне, за кои 58 минути одигра македонскиот капитен Горан Пандев.

Отпорот на Џенова беше „скршен“ во 72. минута, кога Фабио Борини по една убава акција на гостите и лоша интервенција на одбраната. Поените ги осигура Сусо по една брза контра на Милан и убав шут од работ на шестнаесетникот во 83. минута.

Милан се враќа на четвртото место на табелата со 34 поени, шест помалку од третопласираниот Интер и еден поен пред Рома. Џенова е на 14. место со 20 поени и нема победа последните три натпревари во Серија А.

Фото: ЕПА

Scroll to Top