Top Sport

Лукас Васкез ќе го пропушти мечот со Манчестер сити

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одлучи кои 22. фудбалери ќе патуваат во Манчестер на натпреварот со Сити во Лигата на шампионите.

Покрај Дани Карвахал и Едер Милитао, кои се повредени подолг период, на списокот ги нема Давид Алаба, Антонио Ридигер и Лукас Васкез.

Десниот бек се здобил со повреда на мускулот, во саботата, во дербито против Атлетико.

Реал Мадрид во вторник од 21 часот ќе му гостува на Манчестер сити во првиот натпревар плејофот за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите. Реваншот е закажан за 19 февруари во Мадрид.

Scroll to Top