Спортскиот директор на Рома, Мончи, започнал да ги планира засилувањата за јануарскиот преоден рок. Рома, летово, беше најактивниот тим на трансфер пазарот, меѓутоа на стартот од сезоната резултатите не ги оправдуваат вложените средства.
Определбата на Мончи е клубот да потпишува со млади играчи, односно да состави тим што неколку сезони ќе може да игра заедно.
Италијанските медиуми пишуваат дека во јануари, Мончи, ќе се обиде да го донесе крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Лукас Васкез.
Наводно, Мончи веќе ги започнал преговорите со „кралскиот клуб“ околу трансферот.
Лукас Васкез редовно добиваше шанса кај Зинедин Зидан и без него не можеше да се замисли ротацијата во тимот, меѓутоа со доаѓањето на Хулен Лопетеги крилниот напаѓач ги загуби позициите што ги имаше кај неговиот претходник.
Покрај тоа што во Реал, од почетокот на сезоната, ја грее клупата за резерви, Лукас Васкез го загуби местото и во шпанската репрезентација. Луис Енрике, новиот селектор на Шпанија, не го повика овој играч, за двата натпревари што ги одигра „црвената фурија“, во Лигата на Нации.
Рома се обидува да ја искористи оваа ситуација и според шпекулациите веќе постигнале некаков договор со Реал околу трансферот на Лукас Васкез.