Top Sport

Шкендија е на 161.место на УЕФА листата

Шкендија има најголем рејтинг кај УЕФА од македонските клубови. Само актуелниот шампион, на листата што ја објави европската куќа на фудбалот, од македонските клубови го подобрил својот рејтинг.

Шкендија, оваа сезона, повторно стигна до плејоф фазата во Лига Европа, но не успеа да го мине Копенхаген во двомечот за пласман во главната фаза. На најновата листа на УЕФА, Шкендија се наоѓа на 161.место.

Шкендија на оваа листа го мина Вардар, кој сезонава имаше лош настап во Лига Европа. Најтрофејниот македонски клуб е на 193.место, а потоа следуваат Работнички (227), Шкупи (361), Пелистер (362), Силекс (363), Ренова (364), Металург (365) и Турново (366).

Кога станува збор за самиот врв на листата, број 1 е освојувачот на последните три титули во Лигата на шампионите, Реал Мадрид. Во Топ 10 уште се Баерн Минхен, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Севилја, ПСЖ, Манчестер сити, Арсенал и Шахтјор.

фото: facebook kfshkendija

Scroll to Top