Top Sport

Лукас Васкез – специјалистот за добивање пенали (видео)

Ако Кристијано Роналдо е специјалистот за давање голови од пенал за Реал Мадрид, тогаш Лукас Васкез може да се нарече специјалист за добивање пенали, откако двајцата беа клучните луѓе кои помогнаа „кралскиот клуб“ да се протне во полуфиналето на Лигата на шампиони по 1:3 поразот од Јувентус на „Бернабеу“.

Откако доби шанса да игра во првиот тим во 2015 година, 26-годишниот Васкез успеа да „избори“ дури осум пенали за Реал Мадрид. Само оваа сезона над него се направени четири пенали, од кои два во мечот од Копа дел Реј против Нумансија, а уште еден во дуелот од Лигата против Лас Палмас.

Претходно, Васкез беше соборен за пенал во мечот од Светското клупско првенство против Кашима Антлерс, а доби пенали и против Спортинг Хихон, Еибар и Леванте минатите две сезони.


Scroll to Top