Top Sport

Мурињо не го дава Марсијал?

Жозе Мурињо посочи дека смета на Антони Марсијал во неговиот состав, откако француските медиуми гласно зборуваа за желбата на 22-годишниот Французин да замине во друг клуб за да добие повеќе време во игра.

Марсијал добива помалку шанси од пристигнувањето на Алексис Санчез на „Олд Трафорд“, и тој нема стартувано во Премиер лигата од стартот на февруари и беше на клупата на последните два меча.

Но, Мурињо вели дека не сака да ангажира нови напаѓачи во иднина, бидејќи тие кои ги има, вклучувајќи го и Марсијал му се доволни.

„Го имаме Алексис, го имаме Ромелу Лукаку, Марсијал и Рашфорд. Рашфорд може да игра на лево и на десно, Алексис исто така, сите тие можат да играат и поповлечено. Медиумите сакаат да шпекулираат, но јас не барам напаѓачи во текот на летото бидејќи ги имам сите кои ми се потребни. Во другите области можеби ни требаат засилувања, но за напред сме доволно силни“, вели Мурињо.

Фото: ЕПА

Scroll to Top