Top Sport

Лукман откажа верност кон Албионот, отсега ќе игра за Нигерија

Крилото на Лестер, Адемола Лукман, иако освои Светско првенство со англиската У-20 репрезентација, во иднина ќе настапува за Нигерија, откако ФИФА го одобри неговото барање за менување на фудбалската „националност“.

Лукман, кој е фудбалер на РБ Лајпциг, а во Лестер игра како позајмен фудбалер, беше дел од неверојатната англиска генерација која во 2017 ја освои У-20 титулата заедно со фудбалери како Доминик Соланки, Кајл Вокер-Питерс и Доминик Калверт-Луин.

24-годишниот Лукман е роден и израснат во Лондон, но откако не доби ниту еден повик во сениорската репрезентација на Англија, реши да настапува за нацијата каде што се родени неговите мајка и татко. Тој го следи примерот на крилото на Евертон, Алекс Ивоби, кој исто така откако не доби повик во англиската репрезентација се пријави за настап со Нигерија.

Scroll to Top